Шесткратен олимписки шампион откри дека умира и дека нема лек: Приказната е уште пострашна поради неговата сопруга

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Веста за Крис Хој, легендарниот шкотски велосипедист предизвика тага ширум светот.

Шесткратниот олимписки шампион откри дека му остануваат две до четири години живот поради напреднат рак на простата. Во интервју за The Sunday Times, Хој сподели дека болеста се проширила до коските и дека нема лек.

Хој за сериозноста на неговата здравствена состојба знаел една година, но дури сега и откри на јавноста низ што минува. Покрај просторните метастази, откриени се и тумори во рамото, карлицата, колкот, ‘рбетот и ребрата.

Освојувајќи шест златни олимписки медали помеѓу 2004 и 2012 година, Хој стана вториот најодликуван Британец, зад Џејсон Кени, кој има седум злата. По пензионирањето во 2013 година, тој продолжи да придонесува за спортот како стручен консултант за Би-Би-Си.

Во своето емотивно обраќање, Хој рече:

„Сите се раѓаме и сите ќе умреме, тоа е дел од процесот. Треба да бидеме благодарни за лековите што ни овозможуваат да го продолжиме времето што го имаме“.

Покрај оваа лична трагедија, Хој сподели дека и неговата сопруга Сара боледува од неизлечива болест, што дополнително ја усложнува ситуацијата. Тој призна дека му било особено тешко да сними аудио верзија од неговите мемоари, знаејќи дека неговите деца ќе ја слушаат снимката откако ќе го нема.

Оваа тажна вест длабоко ја погоди спортската јавност и нејзините фанови, а светот сега се збогува со човекот кој инспирираше генерации и остави неизбришлива трага на велосипедизмот.

Слични содржини