Шифрин светска шампионка во супервелеслалом

од desk2
83 прегледи

Американката Микаела Шифрин го освои златниот медал на трката во супервелеслалом возена попладнево во шведски Оре.

Шифрин патеката ја мина со време 1:04.89 минута или само две стоти делови од секундата побрзо во однос на второпласиарната Софија Гоџа од Италија.

Место на победничкиот подиум обезбеди и Корин Сутер од Швајцарија која се закити со бронзениот медал. Таа беше побавна само пет стотинки од Шифрин и три од Гоџа.

Трката не ја завршија 16 од 45. скијачки, меѓу нив и трофејната Линдзи Вон која имаше спектакуларен пад, но за среќа мина без посериозни повреди и на скии се спушти на целта каде беше поздравена од публиката.

На Светското првенство во Оре, следна дисциплина на програмата е машкиот супер-џи предвиден за утре со почеток во 12:30 часот.