200
„Не гледам дека ВМРО-ДПМНЕ креира градски политики. За мене е ирелевантно тоа што ќе го понудат. Сите анализии покажаа задоволство од граѓаните за мене и мислам дека таа работа ќе ја продолжиме со скопјани и во новиот мандат“, изјави градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференција.
Според него, оние што злоупотребуваат податоци велат дека 69% од жителите на Скопје се незадоволни од градоначалникот, а 31% се задоволни.
„Тие 31 процент е многу во политиката. На тие малициозни сакам да им кажам дека ако јас имам 31 процент рејтинг во Скопје, тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 16 проценти“, заклучи Шилегов.