Шилегов: Ако помине во Собрание пред Нова година, проектот трамвај ќе биде реализиран за 2,5 години

од Nikola Popovski
344 прегледи

„Во Скопје четири булевари не се правеле дури ни после 1963 година, а ние тоа го направивме за една година. Пролетва ги отворивме бул. „Христијан Тодоровски-Карпош“, бул. „АСНОМ“, бул. „Никола Карев“ (пластичарска) и бул. „БиХ“. Исто така мостот „Генерал Михајло Апостолски“  во Аеродром ќе биде завршен до крајот на јули“, изјави градоначалникот Шилегов.

На прашањето за проектот трамвај, Шилегов истакна дека овој град 40 години зборува за проектот, а тој ќе го реализира за 3 години од поставувањето на функцијата.

„Проектот помина на Влада, сега ќе ги замолиме пратениците да го изгласаат пред Нова година. За околу 2,5 години ќе биде реализиран“, потенцира Шилегов.

 

Слични содржини