По изјавите дека на градската депонија Дрисла се горело радиоактивен отпад Градначанкиот Петре Шилегов бара трпение и време за да излезе со целосна анализа.

Алармот за радиоактивен отпад го вклучи токму тој, новиот скопски градоначалник Петре Шилегов, кој ова сознание го сподели на последниот настап во ТВ емисија во живо. За граѓаните тоа е многу сериозна и опасна информација која без одлагање бара вистинска и темелна истрага. Ако се знае дека претходниот градоначалник Коце Трајановски и неговото раководство имаа повеќе недоречености во однос на тоа кој ја контролира, кој ја управува и како е продадена скопската депонија на италијански партнер, тогаш се е можно велат упатените.
Во јавноста имаше многу шпекулации за сопственоста, и за вложувањата каде претходното раководство прикажуваше една слика, а на терен се случуваа други дејствија. Кој колку вложи и што реализираше е едно на хартија друго на терен. Токму поради тоа сомнежот е голем дека немало контрола каков отпад таму е депонирано,кој управувал и дозволил а сосема друга анализа е кој профитирал од тие големи зделки. Отворено е и прашањето има ли опрема за согорување по стандарди , како се користи на пример за медицински отпад, иако радиоактивен воопшто не смее да биде складиран , а камоли тајно согоруван порачуваат експерти.Тој и не може да согори освен што трајно загадува и е опасен по живот на животната средина и околината.
Шилегов ја не ја демантираше оваа информациа ниту на последниот настап . На прашање на новинарите за состојбата со депонијата Дрисла и со шпекулациите дека таму се гори радиоактивен отпад, Шилегов побара трпение од скопјани и потсети дека помалку од еден месец е на функцијата градоначалник.
– Во текот на вчерашниот ден кажав уште малку трпение како град и како институции, набргу ќе излеземе со целосна анализа за состојбата во Дрисла, рече Шилегов.

Локално.мк потсетува на изјавите градоначалникот Петре Шилегов во интервју за ТВ24, каде што тој многу прецизно вели дека постојат сериозни индиции за огромна криминална активност и за сериозна кривична одговорност на многу лица со работењето на ,, Дрисла’, севкупното работење, но и со загадувањето на Скопје,