143
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вели дека пописот на населението е исклучително важна операција за локалната самоуправа.
-Точните податоци за бројот и структурата на населението за Скопје значи подобро планирање заради подобар живот за сите нас кои тука сме го изградиле својот дом.Драги сограѓани, да се вклучиме сите во оваа операција, затоа што успешен попис значи подобро испланирана инфраструктура, добро испланирани паркови, плоштади, јавни простори, одржлив сообраќај, развиена локална економија, зголемена енергетска ефикасност и здрава животна средина. Да сработиме заедно квалитетен попис заради квалитетен живот за нас, за нашето Скопје, напиша Шилегов на својот Фејсбук профил.