ШИЛЕГОВ: ДВАТА НОВИ БУЛЕВАРИ ВО БУТЕЛ СЕ ДОКАЗ ДЕКА ОВАА ОПШТИНА НАЈБРЗО СЕ РАЗВИВАШЕ ВО ИЗМИНАТИВЕ 4 ГОДИНИ

од Nikola Popovski
532 прегледи

Денес во Бутел градоначалникот Петре Шилегов оствари повеќе средби со жителите на оваа скопска општина. Во разговор со бутелчани Шилегов потенцираше дека Бутел е општина со најбрз развој во изминатите 4 години.

– Бутел денес една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу затоа што 30 години ВМРО-ДПМНЕ ја забораваше оваа исклучително важна општина за развојот на нашето Скопје.

– Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а при крај е и улицата Бутелска, додаде Шилегов.

– Во наредниот мандат го пробиваме булеварот Хрватска и ќе го продолжиме бул. Словенија до Ѓорче Петров и со тоа северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина. Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот Босна и Херцеговина и Христијан Тодоровски – Карпош до Естекада. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки, најави Шилегов.

„Вие сте моќта на овие избори, вие сте гаранција за победа што значи континуитет и грижа за секој човек, за секое семејство. Вие сте гаранција дека Скопје нема да запре, дека нема да назадува, вие сте гаранција дека ќе го градиме Скопје какво што вие сакате, вие сте гаранција за победа иднината наместо на минатото. Изградбата на паркови, културни објекти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа. Да се обединиме затоа што развојот на Скопје и Бутел не смее да запре“, нагласи Шилегов во своето обраќање пред жителите на Бутел.

Слични содржини