Шилегов: На отворените штандови низ центарот ќе се продаваат сувенири

од Берта Китинска

Не знам каква е емоцијата на политичарите во Бугарија ниту има право да се занимавам со тоа, нивните коментари се негаторски, а не добрососедски дури и денешната. Да се споредува Тито со Хитлер е  елементарно непознавање на основната историја.Самиот Тито во воениот период е носител на антифашистичка битка, вели во вестите за Сител, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов по споредбата на бугарската министерка за надворешни работи Захариева во кој таа изјави дека славењето на Тито од Шилегов е исто како градоначалникот на Берлин да го слави Хитлер.

-Јас во неколку наврати напоменав дека СДСМ е една од најдемократските партии и секој од нас може да го споделува своето мислење се додека нема нема да направи  глобална штета, вели Шилегов.

Во врска со куќарките кои се поставени на плоштадот, Шилегов вели дека  лицата кои ги изнајмиле сами ќе стопанисуваат со нив.

-Поставени се штандови на осум до десет локации низ градот каде ќе се продаваат сувенири, новогодишни пакетчиња. Отворените штандови покултурно ќе изгледаат од продавањето на картонски кутии.Гужви нема да се прават бидејќи има соодветна одалеченост помеѓу нив, вели Шилегов.

Слични содржини