393
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на денешниот брифинг истакна дека има три опции за решение за Универзалната сала.
„Нема донесено конечна одлука за Универзалната сала. Првата опција е изградба на нова Универзална сала на постојната локација, втората е изградба на нова локација, и третата реконструкција. Мое мислење е дека најпосакувано решение за Универзална е реставрација, целосно обновување на салата, како и изградба на нова сала на нова локација, изјави Шилегов.
Градоначалникот на Скопје смета дека за Универзалната сала треба да има референдум на кои граѓаните ќе одлучат што ќе се прави.