ВИДЕО: Фудбалер се преврте со автомобилот возејќи 200 km/h и преку ѕид влета во сала

од Stefanija Kuzmanovska

Да немаше видеа и фотографии од споменатиот настан, можеби ќе ни беше потешко да поверуваме дека тоа се случило. Сепак, поранешниот фудбалер на Лацио, Софијан Кијине, додека возел и со полна брзина го прелетал кружниот тек во белгискиот Лиеж и се забил во спортска сала. Во моментот кога со неговиот автомобил се движел над 200 километри на час наишол на препрека на патот која го кренала високо во воздух, по што се забил во ѕидот.

За среќа, за многу среќа, Кијине остана жив и се опоравува, иако повредите на ‘рбетот се доста тешки. Од болницата известија дека неговиот живот повеќе не е во опасност, а се огласи и неговиот сегашен клуб Левен. Инаку, во моментот кога Кијине влетал во салата, во неа имало деца кои повторно од чиста среќа биле во соблекувалната која не била директно погодена.

Изненадувачки, освен Кијине, нема повредени, а освен директните предмети на судирот – неговиот автомобил и салата, нема материјална штета.

Полицијата врши увид.

Слични содржини