Шилегов: Не сум ја навредил Арсовска, свесна е дека на дебати ќе се разобличат нејзините флоскули

од Nikola Popovski

Не станува збор за навреда, туку станува збор за сериозно свесни во штабот на Арсовска дека кога доаѓаме тет-а-тет, целосно ќе се разобличи тоа што како флоскули се наведува во кампања, вели кандидатот на СДСМ за нов градоначалнички мандат во Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Топ тема“, зборувајќи за тоа што неговата противкандидатка Данела Арсовска не прифатила тв дуел.

Според него, „ако причината била навреда, тогаш зошто Арсовска во првиот круг, кога можеше да се скрие позади 10 други кандидати, присуствуваше на дебатите“.

-Со ништо не сум ја навредил, категоричен е Шилегов.

-Не одлучив да прифатам дуел, туку се одлучив за интервју поради тоа што го повикав градоначалникот Шилегов да ми се извини за личните навреди, но се уште не го стори тоа, рече вчера кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска гостувајќи во истата емисија.

Таа додека дека „доколку Шилегов се одважи да се извини во наредните денови, ние ќе имаме дуел уште истиот ден. Не е страв, туку барам извинувања“.

Слични содржини