Шилегов: Објектот кај „Мавровка“ е дивоградба, но Градот нема никакви ингеренции во градежната инспекција

од Берта Китинска
356 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека засега нема информации кога ќе се изврши инспекциски надзор за објектот што се гради кај трговскиот центар „Мавровка“.

Одговарајќи на новинрско прашање, Шилегов информира дека инспекциските служби на Град Скопје извршиле увид на градилиштето, потоа бил составен записник и на 9 јули 2020 година го известиле Инспекцискиот совет за, како што рече, аномалијата што ни се јавува и тоа е нешто што можеме да го направиме. Соопшти дека вчера добил известување од Инспекцискиот совет дека е дадено задолжение за заеднички инспекциски надзор на Државниот инспекторат и Општина Чаир. Шилегов изјави дека сега за сега нема инфорамции кога ќе се изврши тој инспекциски надзор.

– Град Скопје нема никакви ингеренции во градежната инспекција. Оние малку ингеренции што ги имаме за надзор на градилиште и тој тип на надлежности ги искористивме со цел да направиме записник за тоа градилиште, да изречеме казна на несовесниот градител и за тоа соодветно да ги известивиме надлежните институции. Тоа се Општина Чаир, дека станува збор за дивоградба со оглед на тоа што нашиот Инспекторат не најде валидна документација, Инспекцискиот совет како надзорен орган кој врши надзор врз градежната инспекција на ОпштинаЧаир и МВР, Сектор за економски криминал, рече Шилегов во Градскиот парк.

Додаде дека тука некаде завршуваат ингеренциите што ги има како градоначалник. Шилегиов информира дека има идеја, веќе се работи на преточување на текст и, како што рече, ќе ја чека новата Влада, за конечно Градот Скопје да ги добие сите инспекцикси надзори.

Слични содржини