Шилегов очекува поддршка од гласачите на ЛДП и ДОМ

од Берта Китинска

Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов смета дека политичкиот сигнал што го испратила коалицијата ЛДП-ДОМ е дека остануваат во политичкото мнозинство, поради што очекува поддршка од нивните поддржувачи. Побара и силна поддршка од сите граѓани во вториот изборен круг, за, како што рече, Скопје да продолжи да се движи во вистинска насока.

-Политичкиот сигнал кој што го пратија ЛДП и ДОМ е сигнал кон сите граѓани дека остануваат во политичкото мнозинство. Не мислам дека е пристојно да се бара од било кој граѓанин или да се насочува кому ќе го даде својот глас затоа што тоа е индивидуално право на секој од нив. Очекувам дека добар дел од тие луѓе ќе сакаат овој град да не застане и да го градиме заедно, рече Шилегов.

Слични содржини