Шилегов: Овој Бадник да се воздржиме од палењето отворени огнови

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Градоначалникот ги повика граѓаните на Скопје да се воздржат од палењето отворени огнови за време на Бадник, апел којшто беше усогласен по петочниот работен состанок со градоначалниците на сите скопски општини. Тие донесоа заедничка одлука за забрана за доделување дрва од општините за таа  намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град.

– Апелирам до скопјани да не се палат огнови на отворено по повод прославата на божикните празници, со цел да ја заштитиме животната средина, а и да го заштитиме амбиенталниот воздух. Да се посветиме на иднината и да водиме сметка за здравјето на децата, посочи Шилегов.

 Градоначалникот на Град Скопје, вчера Петре Шилегов,   присуствуваше на традиционалното собирање  бадникови гранчиња, кое се одржа во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно.

Оваа прослава традиционално се одржува по 26-ти пат и е во организација на Здружението за традиционална прослава на Бадник. Присутните ги поздрави скопскиот градоначалник и им се заблагодари на членовите на одборот за прослава на Бадник којашто со години наназад ги обединува и ги зближува граѓаните на Скопје. шилегов бадникТој им посака успешна организација, а на граѓаните на Скопје им пожели добра забава и пријатна празнична атмосфера.

– Ја продолжуваме традицијата на пресекување на бадникови гранчиња во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божик. Традиционално тука, на падините на Водно, во месноста Краста, со пресекување на бадниковите дабови гранчиња кои се симбол на радоста и среќата, започнуваат подготовките за прославата на Бадник, изјави градоначалникот Шилегов.