Шилегов: Самсоненко не доставува документација за подмирување на долгот на Вардар, само изразува волја

од Nikola Popovski
442 прегледи

„Лажна вест дека град Скопје го враќа ФК Вардар под своја капа“, вели градоначалникот Петре Шилегов за последните случувања околу клубот.

Градоначалникот потенцира дека клубот е приватна сопственост на Сергеј Самсоненко, кој во 2014 година го купил за 5 милиони денари.

„Долгот на Вардар кон трети лица е 3,5 милиони евра. Во дописот од Самсоненко освен изразена волја, не добивме никаква документација која што ќе ни потврди дека тој долг ќе биде подмирен. Ако ја земеме ваквта состојба, градот треба да купи приватна сопственост со долг, кој што ќе биде на товар на градот, односно дека ќе биде во загуба“, истакна Шилегов.

Слични содржини