Шилегов: Скопје е единствен град во Европа што има силвер лајн по сите квалификации

од Берта Китинска

Пред повеќе од две години јас кажав дека амбициите на Градот и тоа што всушност претставува градско јадро во сите современи европски метрополи ќе личи и во нашиот град, рече денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов посочувајќи дека планот за пешачка зона низ „Рекорд” детално ќе биде објавен кога ќе биде подготвен за во јавност.

-Тоа што треба да го знаеме е дека ќе оди паралелно со имплементацијата на басрапид транзитот, односно во тој момент кога ќе се изведе и ќе се преструктуира таа улица од сообраќајница во пешачка зона и е нешто што како стандард постои насекаде во светот, истакна градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека очекува да се започне и со работа на тунелот под Лимак, како и дека воведувањето на „басрапид транзитот” сериозно ќе го смени начинот и навиките на луѓето во Скопје.

-Скопје е единствен град во Европа што има силвер лајн по сите квалификации, сите други градови се под него. Се работи за најатрактивен јавен транспорт во Европа, со што 30,4 минути со 21 застанување ќе биде релацијата од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, истакна Шилегов.

Слични содржини