Шилегов со детали за трамвајот на тркала: Кога ќе биде пуштена во употреба линијата Ново Лисиче-Ѓорче Петров?

од Nikola Popovski
379 прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за емисијата „10 минути“ на ТВ 21, даде поконкретни информации и детали за најавениот брз автобуски превоз, односно трамвај на тркала.

Според него, во проектот е предвидена изработка на две линии и тој ќе биде реализиран со 70 милиони евра заем од ЕБОР.

„Едната ќе се движи од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Во Ново Лисиче треба да го изградиме главното депо за транзитот и тој ќе се движи по булеварот „Јане Сандански“, под Железничката станица, оди лево до Црвен крст, врти десно низ центарот на градот, излегува на Партизанска и се движи до постојното депо на ЈСП Скопје во Ѓорче Петров. Втората линија ќе биде од Пинтија до Бутел“, истакнува Шилегов, кој дополнува дека за првата фаза ја имаат изработено целата документација и по потпишувањето очекува експерти од ЕБОР да бидат присутни со цел да сработат квалитетна тендерска документација и некаде во текот на летото, всушност да се распише постапката за имплементација на првата линија.

„Ако одиме со тоа темпо, некаде околу 2023 година, првата фаза или линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе биде пуштена во употреба“, нагласува градоначалникот.

Тој очекува со новиот автобуски превоз, градот да заштедува 8 милиони евра годишно, односно да биде доведен до самоодржливост.

„33 МАН автобуси кои се на гас во моментов, градот за нив 1,4 милиони еденари неделно за гориво. Истите такви, 33 дизели, овие се Кинеските, троши Градот на нив 4 милиони денари неделно“, вели Шилегов.

Слични содржини