Трамвај во Скопје ни ветуваа повеќе од 40 години, БРТ системот на брз автобуски превоз на Скопје станува реалност, првиот патник ќе влезе за 3 години истакна Шилегов, додавајќи дека додека некој набавуваше кинески двокатни дизел автобуси со скапи провизии, ние набавивме 33 нови ултра модерни еко автобуси на гас од реномираниот европски производител МАН, рече кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.
Шилегов посебно се осврна на аерозагадувањето наведувајќи дека за справување со него се воведени 40 нови мерки, меѓу кои нов концепт за третман на комуналниот отпад, со субвенциите за инвертер клима денес чадат 5.000 оџаци помалку, а со субвенциите за велосипеди и тротинети Скопје денес е побогато за 15.000 велосипеди и над 600 тротинети.
-Скопската мрежа на велосипедски патеки го надмина 110-тиот километар, ги поврзавме со конектори главните велосипедски рути, а за љубителите на екстремните спортови на Водно изведовме модерна апхил велосипедска патека, а за 5 дена ја пуштаме и даунхил патеката, најави Шилегов, нагласувајќи дека во изминатиот период се подигнавме над 100.000 м2 зеленило, дивите депонии и дивите паркиралишта се претворени во паркови, решени се топлотни острови, додаде Шилегов во своето обраќање пред граѓаните.