Ги реконструиравме булеварите Димитрија Чуповски, 11 октомври, Кочо Рацин, како и улиците Лазар Личеновски, Бихачка, Црниче, Никола Карев (кај Железничка) и Васил Ѓоргов. Пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Новиот парк Ибни Пајко и двата нови зелени покриви, оној на ГТЦ и оној на Домот на градежици, како и новиот памптрак полигон кај Олимписки, се наоѓаат на територија на Центар. Го реконструиравме Кејот 13 Ноември и плочникот на влезот на ГТЦ од страната на Плоштад, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на маалски средби со граѓаните на општина Центар.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Центар подигнати се над 53.700 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени над 5.200 садници.
– СДСМ е фаворит на претстојните избори. Без разлика дали станува за извршната власт или за локалната самоуправа, СДСМ секогаш ги следи интересите на граѓаните и има висок степен на реализација на проектите. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов.