Шилегов: За само пет месеци вративме пола од инвестицијата во Дино паркот, го посетиле над 160.000 луѓе

од Nikola Popovski

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вечерва информираше дека за само пет месеци се на пола пат од враќање на инвестицијата во Дино паркот.

-Дино паркот често беше предмет на потсмев дека сега ќе правиме пластични диносауруси или не знам што. За 5 месеци работа таа инвестиција, градот го чинеше околу 310 000 евра. Влезот е 50 денари. За 5 месеци над 160 000 луѓе го посетија, што значи дека сме на пола од враќање на инвестицијата. Тоа е добра стратегија, вели Шилегов во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Слични содржини