Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Вин Вин“ на Телма вели дека преку Законот за легализација на дивоградбите ќе се казната неплаќачите и дека треба да се овозможи да бидат легализирани објекти кои се од примарно значење на граѓаните.
-Оваа држава носи закони со кои ги наградуваат неплаќачите. Ние кои цел живот ги плаќаме редовно давачките сме изиграни. Сега сме доведени во ситуација каде далноводи , градник, училишта…се нелегализирани и нема правен основ да се легализираат. Пример ако сакате да го реконструирате училиштето не можете да земете документација за тоа да го направите затоа што е дивоградба.Затоа морада се создаде правна рамка. Јас не молчев овој закон беше со години во собраниска процедура мојот став како и на ЗЕЛС беше да бидат легализирани објекти кои се од примарно значење на граѓаните. Ние мора да ги казниме неплаќачите, вели Шилегов.