Ширењето на делта-вирусот носи поголема заработка отколку што се очекуваше: „Фајзер“ во ГОЛЕМ ПЛУС

од Vladimir Zorba

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ заработи 7,8 милијарди долари во вториот квартал од оваа година од продажба на дози вакцини против „Ковид-19“, што го подобри својот бизнис во 2021 година.

Прогнозата поврзана со продажбата на вакцини на оваа компанија се зголеми од проценетите 26 милијарди долари на 33,5 милијарди долари. Причината? Ширењето на делта сојот и дебатата на научниците за тоа дали треба да се унапреди вакцинацијата.

CNBC исто така пишува дека резултатите на „Фајзер“ за вториот квартал ги надминале прогнозите на Њујоршката берза:

1. Прилагодената заработка по акција е 1,07 долари, во споредба со очекуваните 97 центи

2. Приходите се 18,98 милијарди долари, во споредба со очекуваните 18,74 милијарди долари

Фајзер сега очекува заработка во текот на целата година од 3,95 до 4,05 долари за акција. Претходно, тие очекуваа опсегот да биде од 3,55 до 3,65 долари по акција. Тие исто така очекуваат нивоа на приходи од 78 до 80 милијарди долари, а претходната проценка се движеше од 70,5 до 72,5 милијарди долари.

Извршниот директор на компанијата, Алберт Бурла, во изјавата рече дека „вториот квартал бил извонреден од многу аспекти“.

– Најочигледно, брзината и ефикасноста на нашите напори со „БајонТек“ да помогнеме во вакцинирањето на населението ширум светот, против Ковид-19, беа без преседан, со сега повеќе од милијарда дози BNT162b2 доставени на глобално ниво – посочи тој.

Другите деловни единици на „Фајзер“ забележаа напредок. Кога станува збор за онкологија, имало раст од 19 проценти, односно приход од 3,1 милијарди долари. Болничкиот сектор оствари приход од 2,2 милијарди долари, што е за 21 процент повеќе од минатата година.

Слични содржини