Шлем и рефлектирачки елек задолжително за возачите на тротинети

од Берта Китинска

Електричните тротинети изминатиов период масовно се користат во земјава..Во изминатиов период сведоци сме дека на неколку сообраќајни несреќи лицата кои го користат ова превозно средство завршуваат со смртен исход. Новите законски измени во сообраќајот ги опфаќаат лицата кои возат електричен тротинет.

Законот предвидува дека електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст.  Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото.

Задолжителна заштитна опрема

Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото.  Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.

Воедно возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот повелосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. ( се забранува движење со тротинет на коловоз). Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h., додека по тротоар, пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаци, не смее да се движи со брзина поголема од 6 km/h.Од нивната појава до денес поради нивната економичност и ниска цена, електричните тротинети станаа честа појава во Македонија. Со новите законски уредби конечно се решава нивниот статус во сообраќајот, откако во минатото бевме сведоци на неколку сообраќајни несреќи кои завршуваа со смртен исход се дел од законските измени.

Доколку не се почитуваат правилата предвидени се парични глоби од 50 до 120 евра во зависност од тежината на прекршокот.

Слични содржини