Легендарниот дански голман Петер Шмајхел смета дека Реал Мадрид не заслужил да се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
Кралскиот клуб го совлада Манчестер Сити со 3:1 во шокантниот реванш од полуфиналето на „Сантгајо Бернабер“ по продолженијата и го елиминира англискиот тим.
„Мислам дека Реал Мадрид нема право да игра во финалето. Во текот на двата меча беше значително послаб. Првата вистинска шанса за гол на реваншот ја имаше во 90. минута. И тие го постигнаа тоа. Вториот гол беше нивниот втор добар момент“, изјави поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и продолжи:
„Сити целосно ја контролираше играта, но стадионот може да биде вашиот 12-ти играч. Се сеќавате на моментот на Виничиус на почетокот на второто полувреме кога трибините полудеа, тоа беше неверојатно“.
Данецот истакна дека никогаш не смеете да се сомневате во играчите на мадридскиот тим.
„И порано биле во слични ситуации, а тоа што многумина од нив неколку пати ја освојувале Лигата на шампионите веќе значи дека не се плашат од такви моменти. Тие веруваат еден во друг“, изјави Шмајхел, кој со „црвените ѓаволи“ ја освои Лигата на шампионите во 1999 година.
Реал Мадрид во финалето на 28 мај ќе се сретне со Ливерпул.