Шојгу објасни зошто е клучно заземањето на Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека освојувањето на градот Бахмут, центарот на повеќемесечните жестоки борби во источна Украина, е неопходно за продолжување на руската офанзива.

„Тој град е важен одбранбен центар за украинските војници во Донбас. Преземањето контрола врз него ќе овозможи спроведување на нови офанзивни операции во длабочина против одбраната на украинските вооружени сили“, рече Шојгу на состанокот со раководството на министерството, пренесоа руските медиуми.

Бахмут е во фокусот на неколкумесечните интензивни борби меѓу Украина и Русија, која се обидува да ја преземе контролата врз областа.

Слични содржини