Шојгу во посета на Маријупол

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, изврши увид во работите на реконструкција на инфраструктурата во Донбас, вклучувајќи го и градот Маријупол и ја пофали работата на Воениот градежен комплекс, соопшти денеска министерството за одбрана на Русија.

„Министерот за одбрана на Руската Федерација, армискиот генерал Сергеј Шојгу, како дел од работното патување во зоната на специјални воени операции, ја провери работата на Воено-градежниот комплекс на министерството за одбрана на Руската Федерација на реконструкција на инфраструктурата во Донбас“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Според информациите, Шојгу извршил увид во објектите во Маријупол кои се веќе пуштени во употреба и го проверил текот на работите на објектите во изградба.

На рускиот министер му бил претставен мултифункционален медицински центар изграден од воени градежници, републички спасувачки центар на министерството за вонредни ситуации и нови станбени згради.

Шојгу бил информиран за изградба на модерен комплекс на Федералната медицинска и биолошка агенција на Русија што се гради во Маријупол и нови станбени згради, училишта и градинки.

Слични содржини