Шок! Американка роди 5 бебиња за 17 минути

од desk3
100 прегледи

Американката Маргарет Тело роди пет близначиња – четири девојчиња и едно момче, на 4 декември во болница во Феникс, соопштија американските медиуми, цитирани од светските агенции.


Семејството е од Вирџинија, но се пресели во Аризона, за да може Маргарет да биде набљудувана од д-р Џон Елиот, специјалист по повеќекратна бременост. Бебињата се родиja во разлика само за 17 минути од страна на тим од 24 лица, меѓу кои тројца хирурзи, двајца анестезиолози и 15 реаниматори.

Бебињата биле со тежина околу 1,4 кг. Тие уште се на интензивна нега, но веќе дишат самостојно и се хранат од биберон. Маргарет и нејзиниот сопруг биле толку загрижени во првите шест месеци од бременоста, што не се осмелуваат да направат детска соба.

Веќе можат да си одморат, откако го добија подранетите Божиќни подароци, добро облечени во болнички оделца.