
Светски популарната пејачка Ријана беше многу стилски облечена дама, секогаш наместена од глава до пети.
Но, очигледно оваа девојка тоа го остави во минатото, особено ако судиме според последните папарацо фотографии, направени на аеродромот во Лос Анџелес.

Видливо е дека ѕвездата од Барбадос малку повеќе се занемари. Таа е без грам шминка, а многумина коментираат дека девојката од фотографиите воопшто не личи на ѕвездата, што ја познаваат.
