ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ од кралскиот развод: Кралицата го преколнувала да не брза

Бракот на Питер Филипс и омилениот внук на кралицата Елизабета, и Аутмун Кели се чинеше совршен на почетокот, а јавноста зборуваше дека функционира бидејќи се чиста спротивност. Згодниот и самоуверен Филипс станал популарен меѓу британците, а ним не им пречеше тоа што се жени со ќерка на фризерка од Канада.

Аутмун потекнува од работничка класа од Монтреал, едниот брат и е лимар, а другиот готвач. Исплива информација дека нејзиниот вујко водел стриптиз клуб, но ниту тоа не влијаеше на нивниот однос, а веста за нивниот развод ја шокираше и растажи кралицата, како и остатокот на јавноста и смејството.

Во заедничка изјава, поранешните сопружници, објавија дека разделбата е тажно, но пријателска. Додале дека тоа е најдобриот потег поради нивните ќерки. Објасните дека ќе имаат заедничко старателство над Савана и Исла, а како причина за разводот се повикале на желбата на Аутмун да се врати во родната Канада. Имено, и порано протекоа информации дека на неа влијаела одлуката на Хари и Меган, но тоа не е точно бидејќи Питер и Аутмун одлучиле да се разделат пред тоа.

Како што пишуваат британските медиуми, сопружниците и рекле на кралицата дека планираат да се разведат уште минатото лето, кога ја посетиле во Балморал. Истата вест ја соопштиле и на своите родители. Кралицата ги молела да не брзаат со разводот, но тие не ја смениле својата одлука.

Слични содржини