Шолц ја повика Кина да изврши притисок врз Русија поради војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека ја повикал Кина да изврши притисок врз Русија поради војната во Украина. По средбата, Шолц и неговиот кинески колега Ли Чанг заедно се обратија на печатот, а Шолц истакна дека Кина не треба да испорачува оружје на Русија и дека војната во Украина не треба да стане замрзнат конфликт.

Тој рече дека директните разговори меѓу светските лидери се поважни од кога било.

„Директен дијалог, лични разговори, вистинска дискусија, се што е поважно од вообичаено во ова необично време полно со глобални предизвици и кризи“, рече Шолц.

Тој изјави дека пандемијата на вирусот ковид-19 која ги наруши синџирите на снабдување ширум светот, покажа дека Германија треба да соработува со Кина за низа прашања, вклучувајќи го и здравјето. Кинескиот премиер Ли Чанг рече дека Кина е подготвена да работи со Германија за подигање на билатералните односи на ново ниво.

Слични содржини