Шолц нема да присуствува на вечерашниот банкет во чест на кралот Чарлс

од Vladimir Zorba

Германскиот канцелар Олаф Шолц се очекува да отсуствува на вечерашниот државен банкет, кој се организира во чест на британскиот крал Чарлс и кралицата Камила, кои денеска пристигнаа во Германија, во првата посета на британскиот монарх во странство.

Германскиот канцелар нема други јавни обврски во својот распоредк вечерва, па причината е нејасна, но се верува дека тоа е премолчен гест на компромис за да се зачува мирот во владејачка коалиција, при што секоја од трите партии добива удел во настанот, наведува „Тајмс“.

Портпаролот на германската влада рече дека канцеларот вообичаено не учествува на билатерални државни банкети, но дека „со нетрпение очекува утре да го пречека кралот Чарлс Трети и лично да разговара со него“.

Слични содржини