Шолц повика на мирно решение на ситуацијата на Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина.

„За мене е многу важно ситуацијата дополнително да не ескалира меѓу Србија и Косово. Ние сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни по ова прашање“, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин, јави агенцијата Анадолија.

Тој додаде дека за ситуацијата на Косово ќе се разговара во четврток и петок кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на Самитот на Европската политичка заедница.

Слични содржини