Шолц: ЕУ ја губи почитта поради себичните интереси на некои членки

од Stefanija Kuzmanovska

Европската Унија повеќе не може да си дозволи поединечни членки да „инвестираат национално вето“ од себични причини кога одлучуваат за својата надворешна и безбедносна политика, доколку сака да ја задржи водечката улога во глобалната политика, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Поради „војната на Москва во Украина“, Европа мора да се обедини што е можно поскоро, а тоа го зголемува притисокот да се стави крај на „себичните блокади“ на европските одлуки од страна на одделни земји-членки, вели Шолц во написот објавен денеска од весникот „Франкфуртер Алеманија“, пренесува „Ројтерс“.

„Едноставно повеќе не можеме да си дозволиме национално вето, на пример во надворешната политика, ако сакаме конкурентните големи сили да продолжат да не почитуваат“, додаде тој, пренесува британската агенција.

Шолц ги негираше обвинувањата на Киев и другите западни сојузници дека Германија не зазеде лидерска позиција во решавањето на украинската криза и додаде дека членките на Г7 и другите земји би можеле заедно да се обидат да најдат решенија за глобалната криза со храна, климатските промени и пандемијата.

Тој исто така изјави дека Германија во наредните месеци ќе даде предлози за заедничка европска миграциска политика, изградба на европски одбранбен систем, остварување на технолошкиот суверенитет и стабилност на демократијата, наведува „Ројтерс“.

Слични содржини