Од денеска почнуваат со работа моловите, спортските и други обложувалници преку шалтер, центрите за едукација, обука и семинари за возрасни, автошколи, автоиспитни центри, а се отвора и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје. Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава. Тие ќе работат со ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот со исклучок во недела кога ќе бидат затворени.
Од „Веро џамбо“ не информираа дека дека покрај маркетот денеска е отворен и Џамбо продавницата за играчки и неколку бутици, а работното време е од 10 до 18 часот.
Од „Скопје сити мол“ и од „Капитол мол“ на своите соопштија дека своите врати за потрошувачите ќе ги отвораат на 15 мај од 10 до 18 часот, а во недела ќе биде неработен ден
„Со цел да го спремаме трговскиот центар со најдобар ред како и продавниците да бидат спремни за отварање сакаме да ве известиме дека трговскиот центар ќе биде отворен на 15.05.2020 во 10:00 часот. Трговскиот центар ќе работи со ограничено/ скратено работно време (10:00-18:00) и ќе биде затворен во неделите.Се надеваме и посакуваме брзо да се вратиме на старите добри и успешни патеки заедно со вас“, велат од Скопје Сити Мол.
И трговскиот Капитол мол кој се наоѓа во Аердром, започнува со работа од 15 мај во 10.00 часот.
„Трговскиот центар ќе работи со скратено работно време од 10.00 до 18.00 часот од понеделник до сабота. Во неделите, трговскиот центар ќе биде затворен. Од страна на целиот тим на Капитол мол се преземени сите мерки за максимална безбедност на посетителите, нашите вработени, вработените во продавници и сите инволвирани страни. Секојдневната дезинфекција на молот максимално зборува за грижата на менаџментот за побезбеден и посигурен простор за вас“, велат од Капитол мол.
Оттаму советуваат дека носење на заштитна маска и држење на дистанца ќе биде задолжително.
Додека останатите трговски центри во Скопје се подготвуваат Градскиот трговски центар (ГТЦ) нормално работи уште пред неколку дена.
Откако се олабавија мерките во Србија започна шопинг лудилото.Имено голем број на познати брендови ги намалија цените.Деновиве на социјалните мрежи кружат слики од километарски редици пред продавниците по најавените попусти.
Од Раководството на трговските центри БИГ велат дека на сите влезови се поставени средства за дезинфекција на рацете.Вработените носат заштитна опрема и почитуваат оддалеченост од два метра едни од други.
„Дел од бутиците во трговскиот најавија дека нема да дозволат пробување на облека, додека пак оние кои ќе дозволат ќе треба да ја дезинфицираат облеката веднаш по пробувањето“, велат од управата на трговските центри БИГ.