Шопинг треска: Забранетото пробување облека не ги премисли скопјани за да го искористат попустот (ФОТО)

од Берта Китинска
365 прегледи

Од вчера почна со работа најголемиот шопинг центар во градот Скопје Сити мол. Дел од граѓаните како да чекаа на отворањето, па веднаш побрзаа да ги посетат некои од омилените продавници. На социјалните мержи кружат слики на кои се гледа дека скопјани со нтрпение го очекувале отворањето на трговските за да си купат облека.

Трговските  центари низ градот ќе  работи со ограничено/ скратено работно време (10:00-18:00) и ќе биде затворен во неделите.

Протокол за отворање и работа на молови

Ограничено/скратено работното време (10:00-18:00) /затворени во неделаРегулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на 5m2.Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот.

Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените.Задолжително носење на заштитни маски на купувачите.Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5m – 2m
Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.

Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни меркиРегулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8m² – 10m² продажен простор, по еден купувач.

Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи
Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацетеВо продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека.

Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2m помеѓу касите во редот.

Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2m меѓу купувачите.Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.

Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Слични содржини