Репрезентацијата на Шпанија излезе како победник од денешната дерби пресметка со Исланд во нашата група (Б) на Светското првенство кое се одржува во Германија и Данска.

„Црвената фурија“ славеше со 32:25 и дојде до максимални 2-0, учинок кој во ова друштво го има Македонија и Хрватска. Шпанците беа подобри во двата периоди (19-14, 13-11) и на тој начин направија значаен исчекор кон пласман во следната фаза на ова натпреварување.
Соле Сала со 5 голови беше најефикасен кај победниците, додека кај поразените прво име беше Гундмундсон со шест погодоци.