Бриселскиот портал „ЕУ обсервер“ објави, повикувајќи се на извор од Мадрид, дека Шпанија ќе биде подготвена да го признае Косово доколку Приштина постигне договор со Белград.
Порталот потсетува дека Шпанија е една од петте земји-членки на ЕУ кои не ја признале независноста на поранешната јужна српска покраина.
„Нашата позиција не е опструкционистичка. Напротив, таа е конструктивна“, изјавил за бриселскиот портал неименуван извор од шпанското Министерство за надворешни работи.