144
Шпанските медиуми пишуваат за одобрување на вакцината, но Министерството за здравство не одговори
Шпанија ја одобри вакцината АстраЗенека против вирусот корона за употреба за граѓани на возраст од 18 до 55 години, пишува денес Ел Паис повикувајќи се на анонимни извори.Министерството за здравство не ја коментираше одлуката, пренесува Ројтерс.
Франција, Германија, Италија и Австрија исто така воведоа ограничувања, поради недостаток на податоци за неодамна одобрената употреба на вакцини за стари лица.