Шпанија: Стоп за Косово во ЕУ

од desk2
65 прегледи

Шпанија достапви писмо во облик на „нон пејпер“ пред усвојувањето на стратегијата за проширување на Западен Балкан, во кое го стопира Косово.

Само една недела пред усвојувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ на земјите од Западен Балкан, Шпанија ја доведе во прашање не само стратегијата туку и целиот процес поради острото спротивставување на вклучувањето на косово во кој и да е процес кој остава впечаток дека Косово се третира како држава, пишува Коха диторе.

Во писмото Шпанија се спротивставува на употребата на теминот WB6, што е скратеница од шесте земји на Западен Балкан, и истакнува дека „Косово не е дел од проширувањето“, пишува весникот.

Ако се земат во предвид забележките на Шпанија, според овој невник, тогаш Стратегијата за проширување на ЕУ, место поддршка, уште повеќе ги гаси надежите за доверба во процесот на проширување на ЕУ.

„Во дипломатските кругови се спомнува дека Шпанија мисли да се спротивстави и на учеството на Косово на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Софија“. пишува Коха.

Според соговорниците на весникот во Брисел, кратенката WB6 се користи за стратегијата за да не се вознемират земјите кои не го признале Косово и во текстот тие земји се нарекуваат партнери на ЕУ.

Шпанија се спротивставува на користењето на тој термин.

Дневникот констатира дека ваквиот пристап на Шпанија е резултат на внатрешните проблеми со кои се соочува и оди против се што до сега зборуваше за европскиот интегративен процес.

Во „нон пејпр“ писмото Шпанија тврди дека е нопходно да се направи разлика меѓу процесот на проширување на ЕУ и процедурата и стратегијата за Западен Балкан кој е дел на заедничката надворешна и безбедносна политика (CFSP) и која ја следи својата логика. Исто така, Шпанија смета дека проширувањето не треба да се гледа како директно сретство за решавање на политичките проблеми во регионот на Западен Балкан.

„Треба да се случи спротивното, неопходно е претходно да се надминат овие судири за да се овозможи процеот на проширување“, наведуваат претставниците на Шпанија.

Во писмото претставниците на Косово – кои се спомнуваат со фуснота, се повикуваат да ги унапредат остварувањето на стандардите кои се зацртани со Спогодбата за стабилизација и придружување, се сугерира продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија поддржан од страна на Европската унија, „бидејќи невозможно е да се пронајде решение на спорот со наметнување унилатерални резултати“.