Шпанија во сабота ја укинува политичката автономија на Каталонија

од desk2
100 прегледи

Владата а Шпанија во сабота, 21 октомври, ќе го активира членот 155 од Уставот, кој овозможува суспендирање политичката автономија на Каталонија, речено е за Reuters, во канцеларијата на премиерот Маријано Рахој.

Посебна седница на Владата е закажана откако каталонскиот лидер Карлес Пучдемон соопшти дека регионалниот парламент може да гласа за формална декларација за независност доколку централната влада не се согласи на разговори.

Членот 155 од Уставот и овозможува на Владата да воведе директна управа во тек на криза, но до сега тој никогаш не бил активиран.

Со уставот од 1978 година во Шпанија е утврден демократски поредок по смртта на диктаторот генерал Франко три години порано.