Шпански банкар со парична казна од 52,4 милиони евра за шверц на слика на „Пикасо“

од Vladimir Zorba

Судот во Мадрид го осуди 83-годишниот банкар Хаиме Ботин на 18 месеци затвор и парична казна од 52,4 милиони евра за обид да ја изнесе сликата на Пабло Пикасо „Глава на млада жена“ надвор од Шпанија, пренесе РИА Новости.

Казна до 2 години затвор во Шпанија обично се издржува како условна. Ако банкарот не ја плати казната, тој ќе биде принуден да остане во затвор 2 месеци, пишува судот. Адвокатите на банкарот имаат намера да ја обжалат пресудата.

Сликата е призната како сопственост на државата. Таа беше во сопственост на Ботин, но е вклучена во списокот на културно и историско наследство на Шпанија, проценета на 26,2 милиони евра.

Ботин имал намера да ја продаде на аукција, но од Christie’s е побарано да понуди потпишана дозвола за продажба од страна на шпанското Министерство за култура. Оттаму одбиле и наметнале привремена забрана за извоз надвор од земјата.

Како и да е, Ботин го однел своето уметничко дело на островот Корзика, каде го заплениле француските цариници.

Сликата во моментот е во склад во музејот „Кралица Софија“ во Мадрид.

Хаиме Ботин беше шеф на Bankinter од 1986 до 2002 година. Тој е обвинет и за друг случај за затајување данок од еден милион евра, што не го платил на Министерството за финансии по неговото купување на приватен авион.
Обвинителството побара да му се изрече казна затвор од 2 години и 3 месеци по ова обвинение.

Слични содржини