Шпански медиуми: Ова е жената која му „помогна“ на Пике да ја изневери Шакира

од Stefanija Kuzmanovska

Разделбата на дефанзивецот на Барселона Жерар Пике и пејачката Шакира со денови е главна тема на светските, особено шпанските медиуми!

Тие двајца никогаш не беа официјално во брак, но се во 12-годишна врска од која добија два сина.

Двојката неодамна даде изјава за јавноста дека се разделуваат и побара приватност, која, сепак, не ја доби. Така шпанските медиуми со денови пишуваат дека причина за разделбата била аферата која наводно ја имал Пике со 22-годишна хостеса.

Изгледа дека е откриен нејзиниот идентитет, со оглед на тоа дека шпанските медиуми пишуваат како таа девојка го исклучила својот профил на Инстаграм, а наведуваат дека е пријателка на девојката на соиграчот на Пике, Рики Пуиг.

Наводно Гема Иглесијас била таа што го запознала Пике со пријателка кој работела во коктел бар во Барселона. Истовремено, на клупската веб-страница пишува дека е „повеќе од коктел бар“ и дека е место каде што се спојуваат елегантното и  палавото.

Слични содржини