Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Штајнмаер: Нема да толерираме омраза и насилство врз муслиманите

Штајнмаер: Нема да толерираме омраза и насилство врз муслиманите

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека државата и демократското мнозинство нема да толерираат растечка омраза и насилство што радикалните десничарски екстремисти го покажуваат кон муслиманите во таа држава.

Во неговата честитка за Бајрам, тој изјави дека овогодинешниот најголем муслимански празник го засени неодамнешниот расистички терористички напад во Ханау, во кој жртви беа муслиманит, јавува Анадолија.

„Тоа беше напад врз нашиот соживот и врз сите вредности што ги споделуваме во оваа земја, вклучително и почитување на човековото достоинство, толеранцијата, различноста, слободата и верата“, рече Стајнмаер.

Истакнувајќи дека како шеф на државата тоје цврсто против расистичката реторика на омраза, Штајнмаер рече дека Германија не смее да толерира омраза, маргинализација, насилство врз муслиманите и напади врз џамии.

„Не смееме да толерираме или дозволуваме вакви работи. Заштитата на муслиманите е задача на државата“, рече германскиот претседател.

Во напад во февруари во две кафулиња во Ханау, загинаа девет лица со имигрантски корени, меѓу кои и четири од Турција и едно од Босна и Херцеговина.

Муслиманската заедница во Германија е загрижена поради честиот вандализам и расистичките напади врз џамиите и исламските центри во земјата

Во февруари германската полиција уапси 12 членови на радикална десничарска група која планира да изврши напади врз шест џамии.

Пред два дена германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер рече дека владата нема да толерира радикален десничарски екстремизам, расизам и ксенофобија.

Изјавата се појави два дена откако глава на свиња беше оставена на влезот во џамија во јужна Германија.

Во Германија живеат околу 4,7 милиони муслимани, вклучувајќи околу три милиони луѓе со турско потекло.

Франција е единствената европска земја која е пред Германија, во однос на бројот на муслиманските заедници.

loading...