Точно 100 дена пред изборите во ноември, повеќе Американци сметаат дека Соединетите Држави одат во погрешна насока отколку во кое било време за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, според новата анкета на агенцијата АП и НОРЦ центарот за јавно истражување.

Според резултатите од истражувањето, начинот на кој претседателот се бори против вирусот корона го поддржуваат 32 отсто од Американците, пренесува „Гласот на Америка“, додавајќи дека неговиот став кон економијата, неговиот личен печат во мандатот, има намалена поддршка во последните месеци.
Дури и ако се обиде да се фокусира на трката против најверојатниот противник од редовите на демократот Џо Бајден, на разни културни теми и пораки за „законот и редот“, шансите на Трамп за реизбор ќе бидат тесно поврзани со тоа како ќе се бори против пандемијата и дали гласачите ќе веруваат дека земјата ќе се врати во нормала под негово водство, додава „Гласот на Америка“. Анкетата на АП и Норц покажува дека осум од 10 Американци веруваат дека земјата оди во погрешна насока, што е повеќе отколку кога Трамп ја презеде функцијата.
Истражувањето додава дека 38 проценти од Американците сметаат дека националната економија е во добра состојба, што претставува пад од јануари пред пандемијата, кога така мислеле 67 проценти од испитаниците. Околу 38 проценти од Американците го поддржуваат начинот на кој работи претседателот, што претставува пад од почетокот на пандемијата, се наведува.
Мнозинство републиканци – 81 процент го поддржуваат Трамп, додека 68 проценти го поддржуваат начинот на кој тој се справува со пандемијата.