Продолжуваат притисоците за брзо решение, овојпат од премиерот Бојко Борисов за брзо решение за припадноста на историскиот лик Гоце Делчев. Тој бара до октомври да се расчисити и повтори дека мора, мора .. а историчарите му вратија дека само мора да се умре.
Инаку контроверзите околу толкувањата за македонштината на Гоце Делчев како македонски јунак или бугарски револциониер и не е така едноставна работа за да се брза. Таа дилема ја имал и известувачот на Тајмс кој во 1903 ќе ги наведе и двете формулации, јавувајќи за смртта на Делчев.

Македонците ќе немаат основа за чествување на Гоце Делчев доколку тој биде изучуван како Бугарин“, смета членот на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Петар Тодоров, во изјава за 360 Степени.
