Што е тоа „ретрограден Меркур“ и зошто толку ги збунува астролозите?

од desk4
1,9K прегледи

Од 31 октомври до 20 ноември оваа година повторно Меркур ќе биде ретрограден, а ваквите периоди многу често носат „неволји“ во животите на луѓето. Или пак, барем така објаснува астрологијата.

Но, што всушност се крие зад овој феномен? Постои ли некакво научно објаснување?

Оние кои следат астрологија често се среќаваат со поимот ретрограден Меркур и истиот често се поврзува со хаосот во животот на претставниците на хороскопските знаци.

За ретроградноста на Меркур, односно неговото движење наназад, се зборувало уште во 18-от век. Луѓето се воделе со оваа појава и ја сметале за лош предзнак. Се пишувале статии и се давале најразлични објаснувања.

Некои во тој период мислеле дека можат да комуницираат со мртвите, да гатаат и да предвидуваат што ќе им се случува на одредено поле. Римскиот бог Меркур управува со патувањата, парите и комуникацијата, а астрологијата сличните карактеристики ги припишува на планетата Меркур. Затоа и кога е ретрограден, не се препорачуваат почетоци на нешта кои сакате да успеат.

И додека има такви кои веруваат дека Меркур влијае врз луѓето, научниците сметаат дека толку мала и толку далечна планета не може да има толку силно влијание врз Земјата. Единствен феномен во сето ова е што планетата се движи обратно, од исток кон запад, но и за ова има објаснување – тоа е оптичка илузија за посматрач од Земјата.

Годината на Меркур е доста пократка отколку на Земјата и трае вкупно 88 денови, односно една наша година е еквивалентна на четири меркурски. Кога планетите се една до друга, на иста страна на Сонцето, личи дека Меркур се движи кон исток во однос на нас, а кога се случува тоа повторно, ни изгледа како да се движи кон запад.

Исто така, сите планети во Сончевиот систем имаат и различни орбити, па Земјата и Меркур не се единствени кои го имаат феноменот на ретроградност.

Слични содржини