Што им советува Том Хенкс на младите мажи

од desk2

Во едно неодамнешно интервју, кое го даде за Вашингтон пост на црвениот тепих на промоцијата на својот најнов филм, „The Post“, Том Хенкс им порача на младите мажи дека кога ги почнуваат своите кариери во која било област, треба да работат за силна жена шеф.

На прашањето како би ги посоветувал младите мажи да придонесат кога е во прашање кампањата против сексуално насилство, но и еднаквост на половите, Хенк вели:

„Тоа е меритократија која нема никаква врска со родот. Мислам дека е најдобрата работа која може да им се случи на младите мажи вклучувајќи кое било работно место е да работат за јака, праведна, жена шеф што многу бара“, вели актерот.

„Среќен сум што сум искусил такво нешто. Работев за многу жени кои од мене го очекуваа само најдоброто“, вели Хенкс.

Тој вели дека треба да продолжиме кон остварување еднакви права и слободи за секој човек на планетата.

И неговата сопруга Рита Вилсон зборуваше за младите генерации. Смета дека младите генерации ја разбираат еднаквоста, било како рамноправност на половите или сексуална еднаквост.

Слични содржини