Чегет се нарекува актовката, која телохранителот што во чекор го следи рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска долета во Белград, Србија, ја носи во раце.

Тој нема да се одвои од рускиот претседател, а причината за тоа е што во торбата се наоѓаат контролите за нуклеарното вооружување на русија.
Чегет е наречена торбата, а името го добила по еден планински врв на Кавказ, што значи црн, и во употреба влезе во осумдесеттите години на минатиот век.
Во прашање е систем контроли со посебна аудио-видео комуникација за системот „Кавказ“, а чија задача е да одржува врска меѓу шефот на државата и штабот во случај да има потреба од употреба на нуклеарно оружје.