Што кажува големината на стомакот во бременоста?

од Vladimir Zorba
3,7K прегледи

Како и со сè друго што е поврзано со човековото тело, така и при бременоста сликата е индивидуална. Стомакот на бремените жени се разликува не само по формата, но и по големина.bbd301497f584546c07d552e429d4dd0

Најраспространетото верување е дека ако е голем стомакот, и бебето ќе биде големо. Тоа сепак не е така. Што може да влијае големината на стомакот во бременоста, големината на бебето и кои се најчестите погрешни верувања?

Поголем стомак не значи задолжително поголемо бебе
Големиот стомак секогаш не значи дека носите големо бебе. Во многу од случаите премногу големиот стомак е знак на повеќекратна бременост, но може да значи и дека имате големи количини амнионската течност, прекумерна акумулација на масно ткиво во пределот на стомакот, гестациски дијабетес.b975bf18fcfec38d31a3b43c0169eeb1

Помалите бебиња не се раѓаат нужно полесно
Раширеното верување дека малите бебиња се истрелуваат како тапи од стомакот на мајката не е точно. Најважен и определувачки услов за смути или беспрекорно раѓање е поставеноста на бебето.
Без разлика дали е мало, ако тоа е поставено неправилно во породилниот канал, породувањето нема да биде лесно.cc86038b50f4dffca9a2f958f839d1e3

Дали постојат здравствени ризици за поголемите бебиња?
Постојат ризици, но сето тоа зависи од причината бебето да е големо. Некои бебиња едноставно се развиваат со поголеми димензии, бидејќи генетски мајките се создадени да носат поголемо бебе.
Ако сепак бебето е со зголемени димензии поради неконтролиран гестациски дијабетес, прекумерна тежина , качување на многу килограми за време на бременоста, надносување 2 недели после терминот – тоа може да влијае сериозно на здравјето на детето во иднина.
Потрошувачката на големи количини на масти и јаглехидрати за време на бременоста, исто така може да го зголеми ризикот за здравјето на големо бебето понатаму во животот.