Што (не) знаете за калориите?

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Броење калории, разделување калории, додавање калории, трошење калории … Но, што всушност знаете за овие моќни единици, кои ви даваат енергија?f3eb5b86bf980c2778bcd689d4568598

Хранливите експерти на списанието Men ‘ s Health ги открија одговорите на најчесто поставуваните прашања. Еве ги и нив:

Што всушност е калорија?

Наједноставниот одговор е – единица енергија. Клетките во телото имаат потреба од енергија за да движи крвта, да дишете, да работат мускулите и ја добиваат од три извори: јаглехидрати, протеини и масти (познати уште како макро хранливи елементи).

Добивате 9 калории од грам масти, 4 од грам јаглехидрати и протеини.

Вишокот калории се складираат како масти, кои може да доведат до дебелеење. Затоа е добро да ги балансира приемот и потрошувачката на калории во телото.

Можно ли е да горите калории додека гледате телевизија?

За секој човек има специфична главна метаболна потрошувачка, кој изразува колку енергија троши телото за базни функции како дишењето, размислување и транспорт на крвта. Тој зависи од висината, полот, возраста и тежината и може да варира помеѓу 1400 и 2000 калории на ден.

Оваа метаболичка потрошувачка може да биде споредена со сметка за струја – знаете колку чини во просек за еден месец, но може да варира во зависност од тоа колку апарати и за колку време користите т.е. ако потрошите дополнително енергија, таа расте.

Гледање телевизија макар и статички е активност, бидејќи бара некоја концентрација, задржување во една поза и различни ментални процеси, што значи дека човек согорува некакво количество калории, но не може да го дефинираме како активност која би му помогнала да биде во форма или да слабее.

Од колку калории на ден  има потреба еден човек?

Според повеќето експерти и истражувања во просек активен маж на возраст меѓу 31 и 50 години му се потребни околу 2800-3000 калории на ден. А кај дамите околу 2000-2200.

Повторно треба да се отвори една заграда, бидејќи оние кои сериозно тренираат дами и господа (4-6 пати неделно) може да си дозволат 200-300 калории плус, бидејќи мускулната маса е поголема и троши повеќе калории при секоја активност.

Треба ли човек да “се снабдува” со храна пред вежбање?

Краткиот одговор е НЕ. Ако човек тренира во рамките на 75 минути, тој нема потреба од дополнителни калории. Исклучок е ако не сте се хранеле 6 или повеќе часа пред тренинг.

Просечно телото има залихи од околу 100 000 калории, па има каде да гори по потреба.

А после тренинг?

Тогаш е убаво да се обложувате на храна која ќе ги разгори мускулите и ќе помогне во нивно брзо обновување. Оптималната варијанта е да почекате 30 минути по завршувањето на вежбањето и да примите во стомакот јадење чиј сооднос јаглехидрати кон протеини е 2: 1.